САД распишаа награда од 15 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

515

Американскиот Стејт департмент денеска распиша награда од 15 милиони американски долари за информација што би довела до апсење или обвинување на разни државјани на Венецуела, меѓу кои е и претседателот Николас Мадуро.

За повеќе западни земји Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела. Вашингтон бара негова смена.






Департментот нуди награда во висина до 15 милиони долари за информација поврзана со Николас Мадуро, се вели во соопштението.

Одлуката за распишување награда дојде откако Министерството за правда на САД денеска подигна обвиненија за трговија со наркотици против Мадуро и други лица од Венецуеала.

Поврзани содржини