САД ПРИЗНАА Помогнавме во неколку државни удари, меѓу кои и во Венецуела

Се испостави дека тоа не беше успешно. Не дека имавме толку многу работа со тоа, но видов што ѝ требаше на опозицијата во обидот да собори нелегално избран претседател и тие не успеаја, рече Болтон за обидот на САД преку државен удар да го симнат венецуелскиот претседател Мадуро од власт.

686

„Како некој кој помогнал во планирањето на државните удари, не овде, туку на други места, знам дека е потребен многу напор. И тоа не го правеше Трамп“.

 Вака за Си-Ен-Ен изјави Џон Болтон, поранешен американски амбасадор во Обединетите Нации во врска со страшниот упад на протестирачи во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, јавува Ројтерс. Во неговата изјава дадена веднаш по сослушувањето во Конгресот, тој индиректно призна дека САД учествувале во државни удари во земји низ светот, иако упадот на Трамп не би можел да се спореди со тоа.






 На новинарско прашање, на кои обиди се однесува, тој рече дека „не сака да навлегува во детали“, но сепак ја спомна Венецуела.

 Се испостави дека тоа не беше успешно. Не дека имавме толку многу работа со тоа, но видов што ѝ требаше на опозицијата во обидот да собори нелегално избран претседател и тие не успеаја рече Болтон.

Во 2019 година, како советник за национална безбедност на САД, Болтон јавно го поддржа повикот на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо до војската да му помогне да го собори социјалистичкиот претседател Николас Мадуро, тврдејќи дека реизборот на Мадуро е нелегитимен, но на крајот Мадуро остана на власт.

 Се чувствувам како да има и други работи за кои не ми кажувате, освен Венецуела изјави водителот на Си-Ен-Ен, на што Болтон дал потврден одговор, пренесува Ројтерс.

 Многу експерти за надворешна политика во текот на годините ги критикуваа интервенциите на Вашингтон во други земји, од неговата улога во соборувањето на тогашниот ирански премиер Мохамед Мосадег во 1953 година и Виетнамската војна, до окупациите на Ирак и Авганистан овој век.

 Но, не се случува секој ден американски функционер отворено да ја признае својата улога во мешањето во немирите во странски земји, пишува Ројтерс.

Поврзани содржини