САД ПРАЌААТ УШТЕ ЧЕТИРИ РАКЕТНИ СИСТЕМИ Украинците го користат ХИМАРС за да уништуваат руско оружје

Системите ХИМАРС имаат голем радиус на дејствување и повисока прецизност, отколку артилеријата од советско време со што располага Украина. Земјата неделава изјави дека со вакви ракетни фрлачи досега нанела 30 удари по руски позиции за материјално-техничко снабдување и муниција.

666

Шефот на Пентагон, Лојд Остин, денеска изјави дека САД ќе ѝ испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС. 

– Продолжуваме да бараме нови начини да им се пружи долгорочна поддршка за храбрите мажи и жени на украинските вооружени сили и ќе ја адаптираме нашата помош така што Украина би имала технологии, боева муниција и огромна огнена моќ за самоодбрана – изјави Остин на почетокот на виртуелна средба со сојузниците посветена на Украина. 






Системите ХИМАРС имаат голем радиус на дејствување и повисока прецизност, отколку артилеријата од советско време со што располага Украина. Земјата неделава изјави дека со вакви ракетни фрлачи досега нанела 30 удари по руски позиции за материјално-техничко снабдување и муниција.  

Според Остин, новиот пакет помош вклучува и муниција и други артилериски боеви резерви.Заедно со овие четири, САД досега на Украина ѝ доставија 16 системи ХИМАРС. 

Од почетокот на војната, САД имаат пружано помош за одбрана на Украина во висина од осум милијарди долари, вклучително и 2,2 милијарди во изминатиот месец. 

Поврзани содржини