САД ПОБАРАЛЕ ОД ИРАН ДА ГИ ПРЕДАДЕ СИТЕ РЕЗЕРВИ ЗБОГАТЕН УРАНИУМ Еве што понудиле во замена

Санкциите кон Иран, што беа ублажени со Сеопфатниот нуклеарен договор (ЈЦПОА) од 2015 година вечерва треба да стапат во сила.

119

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан денеска изјави дека САД побарале Техеран да му ги предаде „сите“ резерви од збогатен ураниум во замена за пролонгирање на санкциите.

Тој таквото барање од САД го оцени како неприфатливо.






– По неколку месеци ќе имаат ново барање и ќе кажат (повторно) дека сакат да воспостават механизам за враќање на санкциите – посочи Пезешкијан.

Русија и Кина синоќа не успеаја да го пролонгираат рокот за санкции и Советот за безбедност на ОН најави воведување на построги санкции – од ембарго на оружје до економски мерки.

Санкциите на Обединети нации за Иран вечерва повторно ќе бидат воведени по неуспешните преговори помеѓу европската тројка (Германија, Франција и Велика Британија) која бара гаранции за иранската нуклеарна програма.

Е3 минатиот месец го активира механизмот за враќање на санкциите, обвинувајќи го Иран за сериозно кршење на Сеопфатниот нуклеарен договор (ЈЦПОА) од 2015 година. Според европската група, Иран збогатува ураниум до нивоа далеку над потребните за цивилни цели. Иран моментално поседува околу 450 килограми ураниум збогатен до 60 проценти и се приближува до збогатување од 90 проценти, што би овозможило производство на осум до 10 атомски бомби.

Според европската тројка, Техеран не презел никакви „конкретни чекори“.

Е3 постави три услови: продолжување на преговорите со САД, пристап за инспекторите на МААЕ до чувствителните нуклеарни локалитети Натанц, Фордоу и Исфахан, кои беа бомбардирани од Израел и САД во јуни, и процес за следење на резервите на збогатен ураниум.

За Иран, Русија и Кина враќањето на санкциите се незаконски. Поради одлуката на СБ на ОН, Иран денеска ги повика на консултации амбасадорите во Франција, Германија и Велика Британија.

Санкциите кон Иран, што беа ублажени со Сеопфатниот нуклеарен договор (ЈЦПОА) од 2015 година вечерва треба да стапат во сила.

Иран во 2015 година склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма, а за возврат да се намалат меѓународните санкции против Техеран. Но, во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат, Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од Договорот и повторно воведе санкции кон Иран. Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто.

Поврзани содржини