САД НУДАТ НАГРАДА ОД 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕ НА МАДУРО Венецуела возврати- тоа е „најсмешната димна завеса што некогаш е видена“

Наградата првично беше одредена на 15 милиони долари во 2020 година, кога американските обвинители го обвинија Мадуро за трговија со дрога. Во јануари 2025 година, таа беше зголемена на 25 милиони долари.

229

Соединетите Американски Држави ја дуплираа наградата за информации што би довеле  до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 50 милиони долари, обвинувајќи го дека е „еден од најголемите трговци со дрога во светот“.

Информацијата ја објави американската државна обвинителка Пам Бонди.






Во видео објавено синоќа на X, Бонди го обвини Мадуро за соработка со истакнати криминални групи како Трен де Арагва и картелот Синалоа.

Венецуелскиот министер за надворешни работи Иван Гил изјави на Телеграм дека објавата е „најсмешната димна завеса што некогаш е видена“.

-Додека ги разоткриваме терористичките заговори оркестрирани од нејзината сопствена земја, оваа жена излегува со медиумски циркус за да ѝ се додворува на поразената крајна десница во Венецуела. Достоинството на нашата татковина не е на продажба. Ја осудуваме оваа сурова политичко-пропагандна операција – рече Гил.

Наградата првично беше одредена на 15 милиони долари во 2020 година, кога американските обвинители го обвинија Мадуро за трговија со дрога. Во јануари 2025 година, таа беше зголемена на 25 милиони долари.

Во февруари, американскиот Стејт департмент формално ја означи венецуелската банда Трен де Арагва како странска терористичка организација, заедно со MS-13 и неколку мексикански картели. Во јули, тој го означи и Картел де Лос Солес како глобална терористичка организација.

 

Поврзани содржини