САД може да им забранат враќање дома на Американците болни од ковид-19

Документот се очекува да биде објавен од државните Центри за контрола и профилактика на заболувања, кои во САД играат водечка улога во одговорт на пандемијата.

361

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп разгледува можност за забрана за влез во земјата на државјани на САД и сопственици на зелена карта ако постојат „основани сомненија“ дека тие се инфицирани од коронавирус или друга заразна болест.

Информацијата за некои медиуми синоќа ја потврди висок американски претставник. Тој соопшти дека проектот е нормативен акт сѐ уште не е конечно усогласен и може да претрпи измени, а се работи на давање надлежности на граничната контрола да забрани влез во земјата на луѓе ако постојат „разумни сомненија“ дека тие се болни од коронавирус или од други болести.






Се претпоставува дека документот, за кој прв синоќа извести Њујорк тајмс, ќе биде објавен од државните Центри за контрола и профилактика на заболувања, кои во САД играат водечка улога во одговорт на пандемијата.

Поврзани содржини