САД И РУСИЈА ПРЕГОВАРААТ ВО РИЈАД ЗА НИВНАТА ТРГОВИЈА Се очекува брз напредок во економските разговори со Вашингтон

Не можеме да откриеме детали, но значаен дел од преговорите се однесува на економијата. Политичките теми секако се присутни, но мојот фокус е инвестиционо-економскиот дел. Имаме повеќе предлози, што ги разгледуваат американските колеги, и верувам дека може да има напредок во наредните 2 до 3 месеци, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев.

288

Напредок во преговорите меѓу Русија и САД за економските прашања е можен во следните 2 до 3 месеци, изјави денеска директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев, кој учествува на руско-американските преговори во Ријад, пренесе ТАСС.






Русија, која е подложена на тешки западни санкции поради инвазијата врз Украина, изрази очекување за „брз напредок“ во економските разговори со САД што започнаа денеска во Саудиска Арабија.

– Не можеме да откриеме детали, но значаен дел од преговорите се однесува на економијата. Политичките теми секако се присутни, но мојот фокус е инвестиционо-економскиот дел. Имаме повеќе предлози, што ги разгледуваат американските колеги, и верувам дека може да има напредок во наредните 2 до 3 месеци – изјави Дмитриев.

Пред средбата меѓу руските и американските високи претставници, Дмитриев се сретна со претставници на САД за можноста за обновување на економската соработка.

Во интервју за Си-Ен-Ен, тој ги пофали претставниците на администрацијата на Доналд Трамп како одлични преговарачи.

– Мислам дека претседателот Трамп е исклучително добар во решавање на проблеми – рече тој.

Дмитриев негираше дека целта на Москва е укинување на санкциите, нагласувајќи дека „изградбата на мостови меѓу САД и Русија е од клучно значење за светот“.

РУСИЈА НЕМА ДА ЈА СПРЕЧИ УКРАИНА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ Едно е влез во НАТО, а друго е влез во Европската Унија, потенцира Песков

Поврзани содржини