САД И КИНА СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ Ќе ги намалат за 115%

Денешното соопштение значи дека тарифите треба да се намалат на 30 и 10%, но тоа сè уште не е официјално објавено.

79

Соединетите Американски Држави и Кина се согласија меѓусебно да ја намалат царинската тарифа за производите што ги увезуваат за 115%, во текот на 90 дена, изјави денес во Женева американскиот министер за финансии Скот Бесант.

Бесент им рече на новинарите дека „двете страни покажаа големо почитување“ за време на преговорите.






– Двете страни имаат интерес за балансирана трговија – рече тој.

Кинеското министерството за трговија  ја потврди суспензијата на сите царински контрамерки воведени против Америка на 2 април.

На почетокот на април, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави зголемување на тарифите за голем број земји, а Кина беше најпогодена со царини од дури 145%, на што Кина одговори со контрамерки од 125%.

Денешното соопштение значи дека тарифите треба да се намалат на 30 и 10%, но тоа сè уште не е официјално објавено.

Се очекува денеска да биде потпишан договорот.

Поврзани содржини