САД ГО ПРОДОЛЖИЈА РОКОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ИМОТОТ ВО СТРАНСТВО НА „ЛУКОИЛ“ Заинтересираните компании треба да ги завршат преговорите до 1 мај

Во октомври, Вашингтон воведе санкции врз Лукоил, вториот најголем производител на нафта во Русија, и Роснефт.

54

САД го продолжија рокот за преговори за продажба на имотот во странство на рускиот „Лукоил“. Вашингтон лани воведе санкции врз енергетската компанија и досега 3 пати го продолжуваше рокот за продажба на имотот на руската компанија.

Според Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на САД новиот рок е до 1 мај. Како што е соопштено направена е измена во Општа лиценца 131D, поврзана со Русија со која се „одобруваат одредени трансакции за преговарање и влегување во непредвидени договори за продажба на Lukoil International GmbH и поврзани активности за одржување“.






Меѓу заинтересираните страни за имотот се американската фирма за приватен капитал „Карлајл“, американскиот нафтен гигант„ Ексон Мобил“ и „Шеврон3, потоа „Интернешнл Холдинг Компани“ на конгломератот од Абу Даби и австрискиот инвеститор Бернд Бергмаир, поранешен мнозински сопственик на група за забава за возрасни, која ја вклучува и веб-страницата Порнхаб.

Во октомври, Вашингтон воведе санкции врз Лукоил, вториот најголем производител на нафта во Русија, и Роснефт.

Поврзани содржини