САД Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ПЛАСТИЧЕН ОТПАД Секој Американец просечно фрла околу 130 килограми годишно!
Во просек, секој Американец генерира 130 килограми пластичен отпад годишно, а потоа следи Обединетото Кралство со 98 килограми. Во Франција, просекот е 43 килограми.
Соединетите Американски Држави се убедливо најголемиот придонесувач за загадувањето со пластика во светот, според новиот извештај во кој се бара развој на национална стратегија за да се стави крај на тоа.
Секој Американец прави околу 130 килограми пластичен отпад годишно
Севкупно, Соединетите држави произведоа околу 42 милиони тони пластичен отпад во 2016 година – повеќе од двојно од Кина и повеќе од земјите на ЕУ заедно, според извештајот на Националната академија на науките, инженерството и медицината. Соединетите Американски Држави, од друга страна, сочинуваат помалку од 5 отсто од светската популација.
Во просек, секој Американец генерира 130 килограми пластичен отпад годишно, а потоа следи Обединетото Кралство со 98 килограми. Во Франција, просекот е 43 килограми.
– Успехот на чудесното откритие на пластиката во 20 век, исто така, создаде глобална поплава од пластичен отпад, каде и да погледнеме – напиша Маргарет Спринг, претседателка на Комитетот на експерти кои го напишаа извештајот, кој беше нарачан од Конгресот на САД. Таа го нарече проблемот еколошка и социјална криза.
– Најмалку 8,8 милиони тони пластичен отпад завршуваат во океанот секоја година, приближно еден камион за ѓубре се истоварува во морето секоја минута – се објаснува во извештајот. Сета пластика, дури и онаа фрлена на земја, има потенцијал да заврши во океанот, се додава во извештајот.
Според сегашните стапки, количината на пластика фрлена во океанот би можела да достигне 53 милиони тони годишно до 2030-та година, што е половина од вкупната тежина на рибите фатени во океанот секоја година. Производството на пластика експлодираше од 1980-тите, но не и рециклирањето, се вели во извештајот.
Се препорачува националната стратегија да се развие во САД до крајот на 2022 година и да детализира неколку насоки кои би можеле да го решат проблемот, како што е поставување ограничувања за производство на пластика што не може да се рециклира или развивање замени за пластика. Ова е најсеопфатниот извештај за загадувањето со пластика досега објавен, рече Џудит Енк, претседател на „Beyond Plastics“.