САД ЌЕ ЈА БОЈАДИСУВААТ ОГРАДАТА СО МЕКСИКО, ИДЕЈАТА Е НА ТРАМП Црната боја ќе ја направи конструкцијата жешка за качување 

Според секретарот за внатрешна безбедност на САД, иницијативата за бојадисување е „по специјално барање“ на претседателот Доналд Трамп, со цел металната конструкција во жешки услови да стане уште понепроодна.

161

Aмериканската влада планира целата ограда на јужната граница со Мексико да ја бојадиса во црно, за да ја направи премногу жешка за качување, изјави секретарот за внатрешна безбедност Кристи Ноем, пренесе ДПА.

Мерката е дел од засилените напори за спречување на нелегално преминување на границата.






Ноем истакна дека оградата, составена од густи метални столбови, и без тоа е „многу, многу тешка за прескокнување, речиси невозможна“, а бидејќи се протега и длабоко под земја, копањето тунели е исклучително отежнато.

Според неа, иницијативата за бојадисување е „по специјално барање“ на претседателот Доналд Трамп, со цел металната конструкција во жешки услови да стане уште понепроодна.

Трамп уште во кампањата во 2016 година вети изградба на 3.200 километри долг ѕид долж јужната граница за спречување на илегалната имиграција. Дел од оградата беше изграден во неговиот прв мандат, а тој се обврза проектот да биде целосно завршен во наредните години.

Поврзани содржини