САД двојно го зголеми финанирањето на вакцината на компанијата „Moderna“
Компанијата додава дека решила да спроведе значително пообемно клиничко тестирање во третата фаза, отколку што првично било предвидено.
Соединетите држави за двојно го зголеми финансирањето, на вкупно близу милијарда долари, за развојот на потенцијалната вакцина против ковид-19 која ја разви американската компанија „Moderna“, а којашто влегува во последната фаза од клиничките испитувања.
Американската администранција на претседателот Доналд Трамп се обврза да даде дополнителни 472 милиони долари, покрај 483 милиони долари коишто веќе ги најави, објави компанијата „Moderna“.
Компанијата додава дека решила да спроведе значително пообемно клиничко тестирање во третата фаза, отколку што првично било предвидено.
Нивната експериментална вакцина, којашто поттикнала создавање антитела против коронавирусот кај сите учесници во тестирањето, кои ги имаше 45 во првата фаза од испитувањата, ќе може од понеделникот да се тестира на 30.000 лица, од кои половината ќе ја примат дозата до 100 микрограми, а другите плацебо.
САД, најпогодената земја во светот со повеќе од 146.000 починати и секојдневно со по неколку илјади новозаразени, најавија последните месеци големи вложувања во имунизацијата на Американците од почетокот на следната година.
Во моментов во светот според објавите во последните фази од испитувањата се околу 25 кандидати за вакцина против коронавирусот, но се чини дека лабораториите на „Moderna“ влегуваат во крајната фаза од клиничките тестирања, која ќе биде пресудна за да се дознае дали вакцината е ефикасна или не.