САД ДАДОА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ЛЕКОТ НА АСТРА ЗЕНЕКА ПРОТИВ КОВИД-19 Можат да го пијат само возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени

Лекот „Евушед“ е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата.

475

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот на Астра Зенека против коронавирус – „Евушелд“.

Тоа е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата.






Лекот е одобрен само за возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени, ниту пак биле во контакт со заразени лица.

Вакцината на Астра Зенека сè уште не е одобрена во САД.

Како што пренесува Гласот на Америка, истражувањата покажале дека лекот „Евушелд“ ја спречува инфекцијата со Ковид и манифестирањето на симптомите во 77 отсто од случаите.

Предвидено е лекот да се дава во две инјекции, а заштитата трае од седум месеци до една година.

– Иако вакцините се најефикасна заштита од Ковид-19, на луѓето со ослабен имунитет и на оние кои лошо реагирале на вакцините им треба алтернатива, рече една од директорките на ФДА, Патриша Кавазони.

Сепак, ФДА додаде дека Астра Зенеке не е замена за вакцинирање на луѓе за кои е препорачана вакцината.

Коктел со антитела може да спречи, во раните фази, развој на тешка клиничка слика на Ковид.

Слични лекови веќе произведуваат Ели Лили, Реџенерон и Глаксо Смит Клајн.

Поврзани содржини