САД, БЛАГОДАРИМЕ ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ЦЕВКИТЕ? Берлин бил предупреден од ЦИА за инцидентот во Северен тек (ВИДЕО)
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се запраша дали твитот на Сикорски е „официјална изјава дека ова е терористички напад“. Во меѓувреме, заменик-амбасадорот на Москва во Обединетите Нации, Дмитриј Полјански, му се заблагодари на Сикорски што „кристално јасно стави до знаење кој стои зад таргетирањето на цивилната инфраструктура во терористички стил!“
Додека Русија и ЕУ меѓусебно се обвинуваат за тоа чија беше „саботажата“ на две подводни цевки во Балтичкото Море, кои пукнаа во серија експлозии и моментално истекуваат со гас, поранешниот полски министер и европратеник Радослав Сикорски вчера не се двоумеше на Твитер да напише „Ви благодариме САД“. На што мислеше Сикорски со твитот? Дека САД, ако ништо друго, биле информирани дека нешто ќе се случи под морето се тврди и во напис во германскиот Шпигел, каде пишува дека ЦИА во август го предупредила Берлин за оваа хаварија.
Thank you, USA. pic.twitter.com/nALlYQ1Crb
— Radek Sikorski MEP (@radeksikorski) September 27, 2022
Дамката широка стотици метри близу данскиот остров Бронхолм може да се види на видео објавено од данската војска. Другото големо истекување беше во водите на Шведска.
Se video og fotos af gaslækagerne på Nord Stream 1 og 2-gasledningerne i Østersøen på https://t.co/pj96CN7CDB: https://t.co/7bgt8TljaH #dkforsvar pic.twitter.com/I1zEPaBLYO
— Forsvaret (@forsvaretdk) September 27, 2022
Сикорски подоцна твитна , на полски, дека оштетувањето на Северен тек значи дека Русија ќе мора „да разговара со земјите што ги контролираат гасоводите Братство и Јамал, Украина и Полска“, доколку сака да продолжи да испорачува гас во Европа. „Добра работа“ , заклучи тој.
Сега е кристално јасно кој стои зад „терористичкиот напад“?
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се запраша дали твитот на Сикорски е „официјална изјава дека ова е терористички напад“. Во меѓувреме, заменик-амбасадорот на Москва во Обединетите Нации, Дмитриј Полјански, му се заблагодари на Сикорски што „кристално јасно стави до знаење кој стои зад таргетирањето на цивилната инфраструктура во терористички стил!“
Thank you, @radeksikorski for making it crystal clear who stands behind this terrorist-style targeting of civilian infrastructure! #NordStream2 #Nordstream https://t.co/ir6LV7qWVE
— Dmitry Polyanskiy (@Dpol_un) September 27, 2022
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки не отиде толку далеку како Сикорски, но избра да го опише инцидентот на Северен тек како „чин на саботажа, поврзан со следниот чекор на ескалација на ситуацијата во Украина“.
Само држава може да најми нуркачи и мини подморници
Германските безбедносни служби во моментов ги испитуваат сателитските снимки од областа каде што се случија експлозиите, но гледаат само „незабележителен“ поморски сообраќај, според Шпигел. Тие се исто така убедени дека само државен актер можел да го стори тоа, сугерирајќи дека „нуркачите или мини-подморницата“ можеле да инсталираат мини или експлозиви на гасоводот.
Уште еден интересен факт, овојпат потврден од властите на Норвешка. Истекувањето на гас од гасоводот Северен тек се случи еден ден откако властите повикаа на внимателност по откривањето на неидентификувани беспилотни летала во близина на платформите за нафта и гас, пишува Јутарни. Меѓутоа, уште во јули месец, британската кралска морнарица даде невообичаено експлицитна изјава дека следела руски подморници долж норвешкиот брег.
Неколку луѓе знаеле за експлозијата?
Она што останува мистериозно е дека за извештајот кој, според Шпигел, ЦИА му го испратила на Берлин „биле запознаени неколку луѓе“. Официјално, сепак, федералната влада одбила да коментира за прашања поврзани со разузнавањето.
До понеделникот вечерта, германската влада беше убедена дека гасоводот бил цел на намерен напад, според весникот Тагесшпигел . Берлин ја разгледуваше можноста Украина или „силите поврзани со Украина“ да стојат зад тоа, но и „лажно знаме“ од Русија за да направи Украина да изгледа лошо и да ги зголеми цените на енергијата во ЕУ уште повеќе.

Новата балтичка цевка и старите проблеми на Европа
Во моментот на несреќата и двата гасоводи, Северен Тек 1 и Северен Тек 2 беа исклучени, но Северен тек 2 беше држен под целосен притисок, бидејќи Русија беше во исчекување дека Германија ќе попушти и дека ќе даде амин за новата цевка. Дали пукањето на цевките е поврзано со јакиот притисок ќе биде дел од истрагата на властите во Данска, Шведска и во Германија.
Црешата на тортата во целата ситуација е фактот што токму вчера, часови по инцидентот беше отворен новиот Балтички гасовод преку кој Полска, а оттаму и цела Европа ќе се снабдуваат со гас од наоѓалишта во Норвешка. Овој гасовод е надеж за Европа во нејзината битка да стане енеретски независна иако ни оддалеку не може да ги замени количините кои стигнуваат од Русија.
Европа ќе одговори?
„Секое намерно кршење на европската енергетска инфраструктура е целосно неприфатливо и ќе наиде на силен и единствен одговор“.
Вака изјави Жозеп Борел, шефот на европската дипломатија. Тој рече дека Европската унија се сомнева дека оштетувањето на двата подводни гасоводи во Балтичкото Море е саботажа и предупредува дека ќе одговори на нападот врз европската енергетска мрежа.
– Сите достапни информации укажуваат дека овие протекувања се резултат на намерен чин – рече Борел во името на 27-те земји-членки на ЕУ.