САД БИ ИЗГУБИЛЕ 900 АВИОНИ БРАНЕЈЌИ ГО ТАЈВАН Еве што предвидува симулацијата на познатиот ЦСИС центар во Вашингтон
САД би изгубиле пола од сите свои авиони, а Кинезите 100 бродови од флотата во една долга исцрпувачка војна. Економијата на Тајван ќе биде страшно уништена. Тајван бавно ќе се брани поради бројните сајбер-напади и фактот што Кина има јако разузнавање на островот. САД ќе бидат окупирани и со други проблеми, како конфликтот во Украина. На крајот, според ЦСИС, САД пирово би победиле, што ќе значи разрушениот Тајван ќе остане автономна територија.
До 900 авиони, односно половина од сите што ги имаат би изгубиле САД ако го бранат Тајван во евентуалната војна против кинеска окупација, за на крајот пирово да победат со катастрофални загуби, пишува БизнисИнсајдер. Ваков е заклучокот Центарот за стратешки и меѓународни студии(ЦСИС), позната невладина организија со седиште во Вашингтон, која направи симулација на таквата војна. Според ЦСИС војната би се случила во 2026 година, а и Кинезите ќе претрпат многу. САД ќе бидат расеани поради други случувања како оние во Украина и сѐ ќе се одвива бавно.
The US could lose up to 900 warplanes fighting a Chinese invasion of Taiwan but would emerge victorious, says the CSIS think tank. pic.twitter.com/MJwBW9IZMB
— xuan khanh le (@xuankhanhle1) August 15, 2022
– Добрата вест е дека на крајот од сите повторувања досега, ќе постои автономен Тајван – изјави за Инсајдер Марк Канчијан, виш советник во организацијата.
Меѓу другото економијата на Тајван би била, се вели, страшно уништена.
– САД и Тајван генерално се успешни да го задржат островот надвор од кинеската окупација, но цената за тоа е многу висока – загуби на стотици авиони, носачи на авиони и страшно уништување на тајванската економија, а исто така и на кинеската морнарица и воздушни сили.
Кинезите ќе изгубат 100 бродови, американците 900 авиони
Во едно од попесимистичките сценарија, 900 американски борбени и напаѓачки авиони ќе бидат изгубени за четири недели, што е еднакво на половина од борбените авиони на Военото воздухопловство и морнарицата на САД, според лондонскиот Тајмс.
Но, додека САД најверојатно ќе претрпат големи загуби во целосен конфликт со Кина, Канчијан забележува дека, генерално, Кина најверојатно ќе претрпи повеќе.
– Би рекол во повеќето сценарија, кинеската флота страда многу повеќе бидејќи е многу изложена – рече тој.
Тој истакна дека најверојатно Кинезите ќе изгубат над 100 бродови за време на амфибиска инвазија.
Војната веројатно ќе почне во 2026 година
Симулацијата наречена „воени игри“ е дизајнирана да помогне да се замисли како би се одвивале конфликтите. Вакви симулации се прават и за други војни. Во овој замислен конфликт, кој би се случил во 2026 година, секоја страна поседува само воени способности што веќе ги покажала во реалниот живот.
Тимот досега ја има одиграно „играта“ 18 од 22 пати и планира да го објави конечниот извештај во декември.
Симулациите или „игрите“ вклучуваат две табли со оперативна мапа на Западниот Тихи Океан, вклучувајќи ги Тајван, Јапонија, Кина и шалтери кои се поместуваат низ таблата.
Тимот користи компјутерски модели и табели со борбени резултати за да одлучи што ќе се случи врз основа на анализите на историското искуство. Коцките се користат за додавање елемент на случајност.
Тие потоа се префрлаат на посебна мапа за Тајван, каде Кинезите и Тајванците се обидуваат да го одбранат островот.

САД ќе бидат расејани поради Украина, а Тајван бавно ќе се брани
Канчијан рече дека допрва треба да го симулираат најлошото сценарио, но укажа на една од игрите, за кои пишува Волстрит журнал, која вклучува два песимистички елементи: САД се расејувани од друга криза на друго место во светот, како што е Украина, а Тајванците бавно реагираат поради кинеските информативни операции и саботажи.
Тој рече дека планираат да направт синмулации со некои уште попесимистички претпоставки во иднина, кои вклучуваат удари на кинеското копно и улогата на Јапонија.
САД да купат повеќе ракети со долг дострел
Канчијан рече дека невладинаата ЦСИС ќе предложи некои подобрувања на американската стратегија што може да ја одврати Кина, како што е купување на повеќе ракети со долг дострел и изградба на засолништа во Гуам и Јапонија за заштита на авионите бидејќи повеќето од авионите се уништени на земја.
Разликите околу Тајван ги зголемија тензиите меѓу САД и Кина, а некои воени аналитичари веруваат дека Кина на крајот може да го нападне островот. Кина со децении вршеше притисок врз владите да не го признаат Тајван како суверена нација и вети дека ќе го „обедини“ самоуправниот остров со копното до 2050 година.