САД бараат одложување на Олимписките игри 2020
Олимписките игри во Токио се закажани за периодот од 24 јули до 9 август.
Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД апелираат до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да бидат одложени Олимписките игри во Токио во врска со пандемијата на коронавирус.
„Благодарни сме на 1.780 спортисти на американската репрезентација што го споделија својот глас со нас и придонесовме во решавањето на проблемите поврзани со коронавирусот и Олимпијадата. Нашиот најважен заклучок од реакцијата на спортистите е дека дури и ако сегашните значајни здравствени проблеми можат да се решат до крајот на летото, сите потребни активности за тренинзи, контролата на допинг и квалификациите не можат да се надминат на задоволителен начин. Во овој поглед, сега е јасно дека опцијата за одложување е неопходна и ние го повикуваме ИОК да го стори тоа со цел да обезбеди безбедност на Игрите за сите учесници“, се вели во соопштението.
Претходно, одложување на ЛОИ 2020 побараа Австралија, Канада и Нов Зеланд.
Олимписките игри во Токио се закажани за периодот од 24 јули до 9 август.