САД ја преиспитуваат одлуката на Трамп дека Кина извршила геноцид

Мислам дека Стејт департментот сега ја преиспитува одлуката бидејќи не биле испочитувани сите процедури - истакна Томас-Гринфилд пред Комитетот на Сенатот за надворешни работи.

180

Стејт департментот ја преиспитува одлуката на претходната американска администрација на Доналд Трамп, според која Кина извршила геноцид и злосторства против човештвото со репресија врз муслиманите Ујгури кои живеат во регионот Синџанг, изјави кандидатката на Џо Бајден за амбасадор на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

– Мислам дека Стејт департментот сега ја преиспитува одлуката бидејќи не биле испочитувани сите процедури – истакна Томас-Гринфилд пред Комитетот на Сенатот за надворешни работи.






Таа нагласи дека Стејт департментот сака да се увери дека тие процедури биле испочитувани, со цел да се гарантира оти таквата одлука може да биде одржлива. 

Поврзани содржини