📽 САБАЛЕНКА ЗБЕСНА ПО ПОРАЗОТ ВО МАЈАМИ Го скрши рекетот и бесно го напушти теренот

По самоубиството на нејзиното момче, хокеарот Константин Колцов, Белорусинката Арина Сабаленка реши да учествува на турнирот во Мајами, но веќе во третото коло доживеа болна елиминација, која тешко и падна. Таа беше поразена од Украинката Анхелина Калинина со 6:4, 1:6, 6:4.

1,789

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка минува низ тежок период во животот, кој очигледно оставил голема трага на нејзината психа, но и на нејзината игра.

По самоубиството на нејзиното момче, хокеарот Константин Колцов, Белорусинката реши да учествува на турнирот во Мајами, но веќе во третото коло доживеа болна елиминација, која тешко и падна.
Таа беше поразена од Украинката Анхелина Калинина со резултат 6:4, 1:6, 6:4, белоруската тенисерка не се снајде најдобро, а видливата нервоза ја истури на рекетот.






По победата на Калињина, Сабаленка прво беше вознемирена, а потоа и бесна. Таа го скрши рекетот удирајќи го од подот и нервозна го напушти теренот.


Сабаленка беше видно фрустрирана додека Калињина мирно го набљудуваше нејзиниот слом.

Немаше ракување меѓу двете тенисерки, што е практика воспоставена од Украинките по почетокот на војната меѓу Русија и Украина. Украинските спортисти не сакаат никаков контакт со руски спортисти, ниту со спортисти од Белорусија, која ги поддржува руските акции на територијата на нивната земја.

Поврзани содржини