🎥 САБАЛЕНКА СЕ ПОЈАВИ НА ТРЕНИНГ ВО ЦРНИНА Прва снимка од белоруската тенисерка по тргичната смрт на нејзиното момче

Многумина очекуваа дека Арина Сабаленка ќе го откаже настапот на Мастерсот во Мајами поради страшната трагедија, но тенисерката не се откажа од учеството на турнирот.

1,967

Истиот ден кога се појави веста дека Константин Колцов, поранешен хокеар и долгогодишен дечко на познатата тенисерка Арина Сабаленка, почина на 42-годишна возраст скокајќи од балконот на хотелската соба во Мајами, Белорусинката излезе на терен и го одработе планираниот тренинг.

Сите очекуваа дека Арина ќе го откаже настапот на Мастерсот во Мајами поради страшната трагедија, но тенисерката не се откажа од учеството на турнирот.






На социјалните мрежи се појави првото видео на Сабаленка по страшната трагедија. По страшната вест, втората тенисерка на ВТА листата излезе на теренот облечена во црно и го одработе тренингот.

Видеото предизвика лавина реакции во јавноста. Многумина на Сабаленка ѝ испраќаат пораки за поддршка, веруваат дека ја донела вистинската одлука и дека тенисот ќе и помогне да го оттргне од мислите ужасот што ја снашол. Од друга страна, има и такви кои ја осудуваат и ја обвинуваат дека е бесчувствителна.

Во Мајами, Сабаленка нема да дава изјави за новинарите и нема да се појавува на прес-конференции за да избегне прашања за трагедијата.

Поврзани содржини