САБАЛЕНКА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ОИ ВО ПАРИЗ Белорусинката го откажа настапот поради замор

Со сите проблеми што ги имав во последните месеци, морам да се грижам за моето здравје. Претпочитам да се одморам малку за да бидам физички подготвена за тврда подлога - изјави белоруската тенисерка.

330

Белорусинката Арина Сабаленка, третата тенисерка во светот, денеска изјави дека нема да учествува на Олимписките игри во Париз за да го зачува своето здравје и да се подготви што подобро за сезоната на тврди подлоги.

– Со сите проблеми што ги имав во последните месеци, морам да се грижам за моето здравје. Претпочитам да се одморам малку за да бидам физички подготвена за тврда подлога – изјави белоруската тенисерка.






Олимпискиот турнир во Париз ќе се одржи на терените на Ролан Гарос од 27 јули до 4 август, принудувајќи ги играчите да се префрлатод Вимблдон на трева во Париз на земја и тоа непосредно пред сезоната на тврдите терени која почнува на УС Опен кон крајот на август и почетокот на септември.

Сабаленка (26) беше поразена во четвртфиналето на Ролан Гарос поради здравствени проблеми со стомакот.

Поврзани содржини