САЈТОТ НА КАТАСТАР ВТОР ДЕН НЕ ПРОРАБОТЕ „Мој ДДВ“ и сајтот на УЈП се кренаа околу пладне
Причината за недостапноста на страница е непозната.
Втор ден по ред сајтот на катастарот, katastar.gov.mk е недостапен за граѓаните, но и за самите вработени во институцијата. Причината е непозната. Сајтот е основно средство на институцијата во кое се запишани имотните листови, адресите, катастарските парцели и мапи и други податоци битни за граѓаните, но и за стручната фела од архитектурата и градежништвото.
Вчера некои медиуми шпекулираа дека тоа е поврзано со објавувањето на аферата „Тајни имоти“ во која ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека функционери од власта кријат имот вреден над 30 милиони евра.
Меѓу другите сајтови денеска пред четири часа падна и страницата на Управата за јавни приходи, а недостапна беше и мобилната апликација „Мој ДДВ“. Во моментов тие работат. Телма пишува дека двата сервиси се покренале околу пладне.