Пратеникот Ѓорѓија Сајковски од Кичево и заменичката министерка за финансии во техничката влада Гордана Димитриеска Кочоска се најсериозни кандидати за функцијата генерален секретар на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата за Плусинфо.
Иако во јавноста за таа функција се врти и името на пратеникот Антонијо Милошоски, извори од партијата велат дека тој не е во игра, односно дека лидерот Христијан Мицкоски не разговарал со Милошоски на таа тема.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва треба да го избере новиот генерален секретар на партијата откако неодамна Игор Јануше од како што самиот кажа лични причини се повлече од функцијата.
Сајковски беше заменик министер за локална самоуправа, четири години бил претседател на Советот на Општина Кичево, како и потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ за изборната единица 5.
Димитриеска Кочоска е магистер по економски науки и вработена во приватна компанија како финансиски консултатнт.