Поранешната Мис на Македонија, манекенка и водителка Сања Николиќ пред половина година стана мајка на малиот Моша.
Сања е во брак со раперот Марко Маринковиќ Слаткар, со коj го доби синот.
Убавата Сања не е многу активна на социјалните мрежи, па слабо објавува фотографии од себе, а речиси никогаш од Моша.
Овојпат Сања изненади, и објави фотографија на која позира пред огледало. Од приложената фотографија се гледа дека таа има совршена линија само неколку месеци по породувањето.
Но, причината поради која позираше не беше да покаже како изгледа, туку да покаже дека носи маичка која е направена специјално за поддршка на лицата со ретката Вилсонова болест.
Во оваа поддршка ѝ се приклучи и Слаткар.
ФОТО: Инстаграм