САЊА КУЖЕТ Е БРЕМЕНА Српската водителка донесе одлука да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“
Водителката на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет е бремена и чека син со сопругот Немања Живоиновиќ.
Водителката на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет е бремена и чека син со сопругот Немања Живоиновиќ.
Сања е во четвртиот месец од бременоста.
View this post on Instagram
Сања веќе донела одлука дека оваа сезона нема да ја заврши како водителка на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, туку ќе замине на породилно, објави продукцијата „Гранд“.
Инаку, малку се знае за приватниот живот на Сања Кужет. Сања е во брак со Немања Живоиновиќ, маркетинг директорот на автомобилска компанија кој не сака да се експонира во јавноста.
Инаку, ова и е втор брак. Таа има два сина, помалиот Страхињa и постариот Андрија, кои ги доби во првиот брак.
View this post on Instagram
– Бевме во врска во раните дваесетти. Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, ги прескокнавме воведите и предрасудите, па сè беше полесно. Еден поглед е доволен за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на ситни работи – изјави своевремено Сања Кужет, која останува доследна на нејзината одлука да ја задржи приватноста во блискиот круг на семејството и пријателите.
– Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е нашата заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе – изјави во една прилика таа за локалните медиуми.