📷 САЊА И СЛАТКАР ПРОСЛАВИЈА 10 ГОДИНИ БРАК „Ќе те љубам засекогаш, силно и искрено!“
Македонскиот рапер Марко Маринковиќ - Слаткар и неговата сопруга, поранешната манекенка, Сања Николиќ ја прославија 10-годишнината од бракот.
Македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткар и неговата сопруга, поранешната манекенка, Сања Николиќ ја прославија 10-годишнината од бракот.
По повод убавиот јубилеј Сања сподели неколку фотографии од нивната свадбена прослава, која се случи на 27 август 2014 година, при што му посвети емотивна порака на Слаткар.
„Чиста не е. Ама десетка е. Честита годишница љубов моја. Држ‘ се цврсто, не ветувам дека ќе биде совршено! Но ќе те љубам засекогаш, силно и искрено!“, напиша Сања на споделените фотографии на Инстаграм.
Сања и Марко во бракот го добија синот Моша, станаа родители во април 2020 година.
Инаку, Слаткар на својата сакана пред неколку години ѝ ја посвети песната „Луда романтика“.