СЀ ШТО СЕ ВОЗИ ВО ВЕГАС, ОСТАНУВА ВО ВЕГАС Хамилтон се возбуди од самата најава за трката

Хамилтон во тековната сезона собра 198 бодови и се наоѓа на 6.место, далеку зад старо-новиот шампион Макс Верстапен од Ред Бул кој има 391 бод.

538

Луис Хамилтон има големи надежи за Големата награда на Лас Вегас. Првата трка ќе се одржи во 2023 година и ќе биде трета Формула 1 настан во земјата заедно со ГН на САД и Мајами.

– Не се сомневам дека организаторите ќе се подготват одлично. Трката ќе биде апсолутно неверојатна. Без сомнение, патеката можеби, ќе биде една од најдобрите, ако не и најдобра. Ќе биде одлична, тоа веќе можам да го кажам. Градските патеки не се толку добри како поотворените, а особено новите патеки. Еве една фантастична патека, може да се борите на неа, интересна е и широка, урбаната атмосфера ќе биде неспоредлива со ништо друго. Сите тие ноќни светла ќе бидат неверојатни. Прекрасно е што конечно станавме толку популарни во оваа земја. Американците се големи љубители на спортот, многу енергични – изјави пилотот на Мерцедес.






Хамилтон во тековната сезона собра 198 бодови и се наоѓа на 6.место, далеку зад старо-новиот шампион Макс Верстапен од Ред Бул кој има 391 бод.

Поврзани содржини