СЀ ШТО БАРА СОФИЈА ЗА КИРИЛ, МЕТОДИЈ, КЛИМЕНТ И НАУМ – ВЕЌЕ ГО ИМА ВО НАШИТЕ УЧЕБНИЦИ! Кој бегал од часовите по Историја?

Новинарот Марјан Николовски на Фејсбук откри дека членовите на мешовитата комисија составена од историчари, а веројатно и луѓето од Владата, не знаат што всушност пишува во нашите учебници по Историја за Св. Кирил и Методиј и за нивните ученици Климент и Наум. Да знаат, веројатно би им рекле на своите партнери од Софија да не тропаат на отворена врата.

4,234

Новинарот Марјан Николовски на Фејсбук направи многу интересна споредба меѓу Препораките на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања и содржините во нашите учебници. При тоа тој објави и фотографии од содржините во учебниците, не прецизирајќи при тоа за кои точно учебници станува збор, иако сите се актуелни, а не поранешни.

Во прилог на објавените фотографии од делови од нашите учебници, Николовски пишува:






„Кога потребата за манипулација е поголема и од голиот популизам… Деловите се од лекциите во македонските учебници по Историја… не од идните, од сегашните… Најди ја разликата со препораките од Комисијата… Некои историчари нека си ги препрочитаат своите книги… следната лекција е од нивните книги…“

Што содржат, меѓу другото, Препораките на Комисијата за светите Кирил и Методиј и за свети Климент и за Свети Наум?

„Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа“, се вели во Препораките и се додава дека тоа дава суштествена основа на современите држави Република Северна Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј. Што се однесува до Св. Климент, во Препораките се вели дека по Великоморавската мисија Св. Климент е прифатен во средновековната бугарска држава. Околу 886 г. е испратен од кнез Борис-Михаил во областа Кутмичевица, каде што како просветител и творец ги положува основите на Охридската книжевна школа. Околу 893 г. по наредба на бугарскиот цар Симеон е ракоположен за Велички епископ.

Еве што пишува во нашите учебници за односот на „средновековната бугарска држава“ кон учениците на Св. Кирил и Методиј и посебно кон Св. Климент:

 

 

„Св. Наум (околу 830-910) учествувал во Великоморавската мисија, од каде што по смртта на Св. Методиј и прогонувањето на неговите ученици, тој пристигнал во средновековна Бугарија. Тој е еден од основоположниците на Плисковско-Преславската книжевна школа.
Околу 893 г. е испратен од цар Симеон во Охрид, каде што ја продолжува просветителската дејност на Св. Климент во Охридската книжевна школа и гради манастир на брегот на Охридското езеро, којшто денес го носи неговото име“, се вели, меѓу другото во Препораките.

Еве, пак, што пишува во наши учебници за ова:

Заклучокот од овие објави на новинарот Марјан Николовски се наметнува сам по себе – практично сето она што се бара во Препораките во однос на овие личности и овој период од нашата историја, а се однесува на врската на словенските просветители од раниот среден век so „средновековната бугарска држава“, веќе го има во нашите учебници по Историја. И сето тоа е напишано вака како што се гледа на фотографиите што ги постира Николовски, без никаков притиsок од некаква комисија, од некакви протоколи и од некаква преговарачка рамка.

При тоа, веројатно една подетална анализа ќе покаже дека има и учебници со различни ставови од оние во посочените. Но, зарем треба некаква мешовита комисија, во која доминираат уцените од Софија, да кажува како да се сменат тие учебници? Ако веќе историчарите усвоиле ставови кои се составен дел на нашите учебници – што е евидентно од приложените примери – нема никаква пречка таа „доктрина“ да се усвои и генерално.

Но, Николовски го поставува вистинското прашање – знаат ли членовите на Комисијата што воопшто пишува во нашите учебници?

Прашањето може да се прошири и вака – знаат ли луѓето од нашата Влада и нашите преговарачи како се опишани во нашите учебници настаните и личностите за кои преговарале и постигнале некакви божемни компромиси?

Така е тиоа кога ќе се согласиш друг да ти ги пишува, допишува и поправа учебниците… По тоа веројатно сме единствена држава во светот.

Поврзани содржини