СЀ ПОМАЛКУ УЧЕНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА Намалување и во основното и во средното образование
Намалувањето на бројот на ученици, според експертите, е резултат на повеќе фактори, меѓу кои се намалената наталитетска стапка и иселувањето на млади семејства во странство.
Бројот на ученици во Македонија продолжува да опаѓа. На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта биле запишани 180.627 ученици, што претставува намалување од 0,8 отсто во споредба со минатата учебна година.
Ова го покажуваат најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Намалување е евидентирано и во средното образование – на почетокот на учебната година во средните училишта имало вкупно 67.143 ученици, што е за 0,2 проценти помалку од претходната година.
Намалувањето на бројот на ученици, според експертите, е резултат на повеќе фактори, меѓу кои се намалената наталитетска стапка и иселувањето на млади семејства во странство.