СЀ ПОМАЛКУ СЕ ОТВОРААТ НОВИ ФИРМИ За некои сектори, сепак нема зима

Во однос на секторите најмногу нови фирми се отворени во секторот трговија на големо и на мало со отворени 1.818 нови фирми.

2,217

Од година во година се намалува бројот на отворени нови фирми. Лани се отворени 8.179 нови фирми или 338 помалку споредено со  2023 година. А, пак, во 2023 година биле отворени 148 фирми помалку во однос на 2022 година. Таа година била подобра од 2021 година со само 3 нови фирми, пишува во денешната анализа порталот pari.mk.

Од повеќе од 70 градови и поголеми населени места, во 15 од нив бројот на фирмите отворени лани е троцифрен. Меѓу нив се Куманово со 311, Гостивар со 270, Прилеп со 249, Струмица со 245, Штип со 210, Велес со 169, Кичево со 160, Кавадарци со 136, Гевгелија со 132, и Кочани со 121.

Сепак, првите пет места по новоотворени фирми ги заземаат  Скопје, Тетово, Битола, Струга и Охрид.

Главниот град, каде што е населена половина држава, нема конкуренција ниту со новоформираните фирми, 3.326 на број. Сепак, опаѓачкиот тренд не го заобиколил Скопје, а изразен е со 86 фирми помалку во споредба со 2023 година (кога имало 3.412 нови фирми).

Разликата во Тетово е 71. Од 541 во 2023 година на 470 отворени фирми лани. Во Битола има 369 нови, а претходно биле 398. Негативата е 29 фирми.

Бизнис-подем, барем со бројот на нови фирми, има во градовите на охридското крајбрежје. Во Струга се регистрирани 329 (307 во 2023 година), а во Охрид 321 нова фирма (260 во 2023 година). Во случајот на најголемиот туристички центар има зголемување за 61 правен субјект. Веројатно туризмот и високата посетеност имаат удел во поттикнување на бизнис-импулсот.

Во однос на дејностите најмногу нови фирми се отворени во трговијата на големо и на мало со отворени 1.818 нови фирми.

Лани на оваа дејност и се придружи и дејноста уметност, спорт и рекреација кој се искачи на втората позиција. со отворени 981 нова фирма.

Градежништвото е на третата позиција, со 894 фирми. Следи дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 803 нови фирми.

За разлика од трите сектори каде што се отвораат најмногу нови фирми, во  преработувачката индустрија е забележан минус од 93 претпријатија во однос на 2023 година кога биле отворени 789 нови фирми во овој сектор.

Целиот текст може да се прочита на следниот ЛИНК

Поврзани содржини