Сѐ е јасно: Папараците го уловија Бен Афлек како се однесува кон ќерката на Џеј Ло (ФОТО)

1,892

Веќе и птиците на гранката знаат дека 51-годишната латино дива Џенифер Лопез и три години помладиот актер Бен Афлек ја обновија романтичната врска откако ја раскинаа свршувачката пред 17 години.

Вљубените го поминуваат секој слободен момент заедно, а се чини дека старо-новото момче на славната мајка брзо го засакале нејзините деца, 13-годишните близнаци Ема и Макс, кои ги доби во бракот со пејачот Марк Ентони.






Имено, Џенифер и Бен одлетале со децата и нивните пријатели во Хемптонс на луксузен летен одмор, а откако поминале некое време сами на романтична прошетка, ја одвеле 13-годишната Ема на шопинг. Сепак, при пристигнувањето во посакуваната продавница, сфатиле дека е затворена, поради што Ема се растажила, а папараците го снимиле моментот како Бен ја теши и ја прегрнува.

Многумина поради овој потег почнаа уште повеќе да ја симпатизираат обновената романса на славниот пар кој, ја раскина свршувачката и долгогодишната врска во 2004 година.

ben affleck jennifer lopez djeca

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини