Рузвелтова ноќеска остана без сон, се запалиле две возила

447

Утрово околу 3.05 часот во СВР пријавено било дека на улицата Франклин Рузвелт во Скопје настанал пожар во патничко возило „бмв 530″, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.С.(64) од Скопје.

Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „рено меган”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Д.(38).






Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини