РУТЕ БАРА 400% ПОЈАКА ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВО НАТО Според генсекот е потребен квантен скок во моќта

Факт е дека ни е потребен квантен скок во нашата колективна одбрана. Факт е дека ни требаат повеќе сила и способности за целосно да ги спроведеме нашите одбранбени планови, изјави генсекот на НАТО пред средбата со британскиот премиер велејќи дека е потребна четирипати поголема воздушна и ракетна одбрана.

169

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ќе го искористи својот говор во Лондон за да нагласи дека на воената алијанса ѝ е потребно зголемување на воздушната и ракетната одбрана за 400 проценти, што ќе биде еден од приоритетите на самитот на воената алијанса во Хаг овој месец.

„Факт е дека ни е потребен квантен скок во нашата колективна одбрана. Факт е дека ни требаат повеќе сила и способности за целосно да ги спроведеме нашите одбранбени планови. Факт е дека заканата нема да исчезне дури ни кога ќе заврши војната во Украина“, се вели во извадок од подготвениот говор на Руте, пишува Ројтерс.






За денеска, 9 јуни, предвидена е средбата на Руте со британскиот премиер Кир Стармер во Даунинг стрит.

Руте врши притисок врз членовите да ги зголемат воените трошоци на 3,5 проценти од БДП и да издвојат дополнителни 1,5 проценти за пошироки трошоци за безбедност за да се исполни барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за цел од 5 проценти.

Минатиот месец, тој рече дека очекува целта да биде договорена на самитот на 24 и 25 јуни.

Поврзани содржини