Русковска за ТВ24: Денешните „бомби“ ги пуштавме во судница

Русковска демантира дека на снимката се слушаат имињата на Вице и на Зоран Заев во контекст поврзан со пари, а како што објаснува, таа не знае од каде и за која цел протекол тој разговор.

1,099

Обвинителството ги поседува и ги пушти во судница на затворено рочиште „бомбите“ за случајот „Рекет“, кои денеска беа објавени на ЈуТјуб, рече обвинителката Вилма Русковска за ТВ24.

Инаку, две нови нелегално снимени разговори, на кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васко Димишков како зборува за случајот „Рекет“, објавени беа денеска на „ЈуТјуб“ од страна на корисникот потпишан како „Алибаба Тредичи“. Едната снимка трае 2:37, а другата 2:18 минути.






Но, како што истакна Русковска за ТВ24, разговорот бил исечен од аудио снимка која потекнува од самите докази во „Рекет“, а која обвинителството ја добило од Зоран Милески Кичеец.

Русковска демантира дека на снимката се слушаат имињата на Вице и на Зоран Заев во контекст поврзан со пари, а како што објаснува, таа не знае од каде и за која цел протекол тој разговор.

Поврзани содржини