Русковска за „27 април“: Груевски го повикал народот да не седи дома по папучи, секој обвинет си имал своја задача

Тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е во бегство, ги повикал граѓаните на масовни протети, односно преку медиум испрати повик: „Народот да не седи дома во папучи, да ја земе судбината во свои раце“ - рече Русковска.

634

Јавната обвинителка Вилма Русковска во Кривичниот суд ги дава завршните зборови за предметот „Организаторите на 27 април“.

Таа ја појасни улогата на секој од обвинетите во организирањето на упадот во Собранието што се случи на 27 април 2017 година. Како што рече, целта било да се спречи мирно примопредавање на власта на новото парламетарно мнозинство, односно назначувањето на Талат Џафери за нов собраниски спикер.






– Тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е во бегство, ги повикал граѓаните на масовни протети, односно преку медиум испрати повик: „Народот да не седи дома во папучи, да ја земе судбината во свои раце“ – рече Русковска.

Според неа, дел од обвинетите имале задача да ги организираат протестите, а дел да спречат предавање на власта во Собранието.

– Тогашниот собраниски спикер, Трајко Велјановски, требало да оневозможи избор на претседател во Собранието од новото парламентарно мнозинство, со координирање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, пак, секојдневно ги организирале протестите. Тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, ги мобилизирале членовите на групата, Александар Василевски-Нинџа и Никола Митревски-Кољо и ги договарале деталите за протестите, со цел да се спречи мирно предавање на власта – истакна Русковска.

Судот пред малку даде пауза.

Поврзани содржини