Русковска: Обвинителството води истрага за Ден Дончев, не знам дали е во Македонија

1,265

Вилма Русковска, шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска изјави дека се води исрага за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, без да открие повеќе детали.

– Да, се води истрага, а дали е во Македонија, стварно не знам – одговори Русковска на прашање на новинари пред Кривичниот суд во Скопје.






Ден Дончев поднесе оставка од местото директор на Фондот за здравство на почетокот на мај, од ,како што наведе, здравствени и семејни причини.

Тој  рече дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април, но бидејќи тие не се случија, а најлошото со коронавирусот поминало почувстувувал вистинско време да го стори тоа во овој период.

Името на Дончев се поврзува со две големи афери, едната и доби назив „Рекет 2“. Сопственичката на  компанијата „Диамед“ го обвини Дончев дека се обидел да спречи странска инвестиција да влезе во Македонија.

 

Поврзани содржини