РУСКИТЕ ТРУПИ НАВЛЕГУВААТ ВО СЕВЕРОДОНЕЦК 90 отсто од градот веќе е оштетен од бомбардирањето

Околу 90 отсто од зградите се оштетени. Повеќе од две третини од станбениот фонд на градот е целосно уништен. Нема телекомуникации, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во телевизиски говор.

1,107

Руските војници влегоа во предградието на украинскиот град Северодонецк, јавува Ројтерс. Серхиј Гајдаи, гувернерот на Луганск утринава потврди дека во гранатирањето загинале двајца цивили, а ранети се уште пет. Според него, борбите се „жестоки“. Украинците сѐ уште се борат иако градот е разрушен.

– Околу 90 отсто од зградите се оштетени. Повеќе од две третини од станбениот фонд на градот е целосно уништен. Нема телекомуникации – рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во телевизиски говор.






– Заземањето на Северодонецк е основна задача за окупаторите… Правиме сѐ што можеме за да го одржиме овој напредок – додаде тој.

Украинските сили во Донбас соопштија дека во неделата биле во дефанзива цел ден. Руските сили пукаа врз 46 заедници во регионите на Доњецк и Луганск, при што загинаа најмалку тројца цивили, ранија уште двајца или уништија или оштетија 62 цивилни згради. Руското гранатирање вчера продолжи и во неколку други региони, како што се Нови Бух во Миколаев и градот Суми.

– Знаете сега од што најмногу се плашам, сега кога борбите се толку интензивни, толку тешки? – вели украинскиот војник Дмитро, поранешен професор по англиски јазик за Ројтерс.

– Дека ќе ни кажат: Тоа е тоа, престанете, имаме договорено прекин на огнот.

Според Дмитро, секое прифаќање за отстапување на украинска територија би значело крај на кариерата на Зеленски.

Лидерите на Европската унија ќе се состанат денес и утре да разговараат за новиот пакет санкции против Русија, вклучително и ембарго за нафта. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изненади со изјава дека „на крајот ќе има договор“ за следниот пакет санкции до денеска попладне и покрај противењето на некои европски земји.

 

Поврзани содржини