РУСКИТЕ РАКЕТИ И НАТАМУ СЕАТ СМРТ НИЗ УКРАИНА Загинаа 2 деца, 4 возрасни, а 17 се повредени

Нападнати биле регионите Киев, Одеса, Чернихив, Дњепар, Кировоград, Полтава, Виница, Запорожје, Черкаси и Суми.

99

Најмалку 6 лица загинаа, од кои 2 деца, а 17 се повредени во последните руски напади врз Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој истакна дека „обични градови беа под оган, првенствено енергетската инфраструктура, но погодени се и многу станбени згради“. Зеленски информира дека како резултат на нападите имало пожари во Запорожје и Киев, а нападнати биле и регионите Киев, Одеса, Чернихив, Дњепар, Кировоград, Полтава, Виница, Запорожје, Черкаси и Суми.






„Уште една ноќ докажува дека Русија не чувствува доволен притисок. Многу е важно светот да не молчи сега и да има обединет одговор на подмолните напади на Русија, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека во руските напади врз главниот град и околината загинале две лица. Повредени се повеќе лица, од кои четворица возрасни и три деца се хоспитализирани.

Поврзани содржини