РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОЛСКА ПОЛЕАН СО ЦРВЕНО Не успеа да положи цвеќе на гробот на советските војници (ВИДЕО)
На видеото снимено кратко по инцидентот се гледа како лицето на Андреев е покриен со супстанцијата, а се гледа како тој се обидува да ја избрише течноста од очите. Амбасадорот потоа бил принуден да ја напушти областа во придружба на полициски службеници.
Амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андреев, беше погоден со црвена боја на годишниот настан на Денот на победата во чест на крајот на Втората светска војна, покажува видео објавено на Твитер.
Дипломатот и неколку случајни минувачи беа натопени со црвена боја додека Андреев се обидуваше да положи венец на гробиштата на советските војници во Варшава, пренесува Њузвик.
Ambasador Rosji oblany symboliczną “krwią”#StopWar #StopWarInUkraine pic.twitter.com/sBvC1uTPhM
— Piotr Halicki (@Piotr_Halicki) May 9, 2022
На видеото снимено кратко по инцидентот се гледа како лицето на Андреев е покриен со супстанцијата, а се гледа како тој се обидува да ја избрише течноста од очите. Амбасадорот потоа бил принуден да ја напушти областа во придружба на полициски службеници.
Денот на победата над фашизмот годинава предизвика разни реакции низ Европа во контекст на руско-украинската војна. Додека во Москва Путин имаше изненадувачи краток говор и беа откажани акробациите на авионите, во Киев сам по улиците шеташе Зеленски велејќи дека Украина нема да ѝ отстапи ни дел од својата територија на Русија.