📷 РУСКИ ВОЕНИ АВИОНИ ВЛЕГЛЕ ВО ШВЕДСКА Провокација од Москва кон новата членка на НАТО
Рускиот борбен авион Су-24 бил пресретнат од шведски Јас-39 Грипен југоисточно од островот Готланд во Балтичкото Море, соопшти шведското Министерство за одбрана.
Руски воен авион го нарушил шведскиот воздушен простор, соопшти денеска шведското Министерство за одбрана.
Борбениот авион Су-24 бил пресретнат од шведски Јас-39 Грипен југоисточно од островот Готланд во Балтичкото Море, соопшти Министерството, јави ДПА.
Министерот за надворешни работи Тобијас Билстром го нарече неприфатливо однесувањето на Русија и најави дека ќе го повика рускиот амбасадор.
Инцидентот кој се случил вчера попладне траел само неколку минути.
A Russian SU-24 fighter aircraft breached Swedish airspace just days after a similar incident in Finland https://t.co/ueSTxByf8K
— Bloomberg (@business) June 15, 2024
Последен пат руски воени авиони го нарушиле воздушниот простор на овој начин во 2022 година, соопшти шведското министерството.
Шведска неодамна стана членка на НАТО и претходно неделава објави дека ќе учествува во набљудувањето на воздушниот простор на одбранбената алијанса. Како такви, шведските борбени авиони треба да бидат распоредени, првенствено над балтичките земји, како дел од операциите на воздушната полиција на НАТО.