РУСКИ ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА КИЕВ Украинците објавија видео-снимка од нападот
Зградата сѐ уште гори утрово и има огромна штета – уништени се повеќе домови.
Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека граната испукана од руските сили погодила станбена зграда во центарот на Киев.
Зградата сѐ уште гори утрово и има огромна штета – уништени се повеќе домови.
Пожарникари им помагаат на повредените.
Но, советникот на министерот за внатрешни работи подоцна соопшти дека ракетата што погоди станбена зграда во украинскиот главен град Киев денеска не предизвикала жртви.
Антон Херашченко нагласи дека Русија не зборува вистина дека не ја гранатира цивилната инфраструктура. Според советникот, најмалку 40 такви локации биле погодени, и дека руските трупи гранатирале цивилни локации.
Фіксуємо воєнні злочини РФ проти мирного населення України
На відео – момент попадання ракети до житлового будинку на Лобановського 6 а. Відео з камери спостереження сусіднього будинку 🎥 pic.twitter.com/FWT8xAjwLQ— Defence of Ukraine (@DefenceU) February 26, 2022
у