РУСКИ НУРКАЧИ ГО ИСПИТУВААТ МОСТОТ НА КРИМ Досега никој не презеде одговорност за експлозијата

144

Руските нуркачи денеска од морето го испитуваат мостот на Крим, клучна инфраструктура што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров на Црното Море, кој беше оштетен во голема експлозија во саботата наутро.

Локалниот функционер Марат Хуснулин изјави дека првите резултати од подводното тестирање се очекуваат денеска.






Патниот и железничкиот сообраќај продолжи во саботата неколку часа по експлозијата која оштети дел од мостот. Мостот беше отворен во 2018 година од рускиот претседател Владимир Путин.

Руското Министерство за транспорт денеска соопшти дека патничките возови од Крим до Русија сообраќаат според вообичаениот возен ред.

Помеѓу копното Русија и полуостровот се поставени и траекти.

Руските власти објавија дека во експлозијата на камион-бомба, во сопственост на жители на руската област Краснодар, загинале три лица.

Русија не ја обвини Украина за нападот, а украинските власти не презедоа одговорност.

Поврзани содржини