РУСКИ МИЛИЈАРДЕР ЗАГИНА ВО СОМНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИ Неговиот хеликоптер се урнал, неколку факти укажуваат дека можеби не е несреќа

Уште една работа што предизвикува сомнеж е фактот дека неговиот хеликоптер се урнал на убаво време, пишува Дејли Мејл.

238

Рускиот милијардер Вјачеслав Таран (53) загина во хеликоптерска несреќа во Швајцарија под мистериозни околности, пишува британски Сан.

Несреќата се случила на југоистокот на Франција во близина на селото Елзе, откако хеликоптерот „Еурокоптер ЕЦ130 (Х130)“ полетал од Лозана.






Според британскиот таблоид, кој се повикува на локалните медиуми од Монако, во хеликоптерот требало да има уште еден неименуван патник, но тој во последен момент откажал да се качи на кобниот лет.

Уште една работа што предизвикува сомнеж е фактот дека неговиот хеликоптер се урнал на убаво време, пишува Дејли Мејл.

Во несреќата загинал и францускиот пилот (35), кој управувал со леталото.

Заменик-јавниот обвинител во Ница го посети местото на несреќата и рече дека не може да ја исклучи вината на „трето лице“.

Инаку, Таран е основач на трговската и инвестициската платформа Либертекс и Форекс Клуб, а според некои информации бил близок до руските разузнавачки служби.

Сепак, тој наводно имал врски со руските разузнавачки служби во странство.

Украинската новинска агенција UNIAN го опиша како „милијардер крипто-бизнисмен“, обвинувајќи го дека е одговорен за „перење руски средства преку системот на операции со криптовалути“.

Поврзани содржини