РУСКИ ДРОН УБИ 12 УКРАИНСКИ РУДАРИ Погоден е автобусот со кој се враќале од работа

Во напади со дронови во текот на ноќта во Днипро загинале маж и жена, а во областа Запорожје бил погоден породилен оддел во болница, каде се повредени седум лица.

60

Најмалку 12 лица загинаа, а седуммина се ранети откако руски дрон погоди автобус кој превезувал рудари во украинската област Днепропетровск. Нападот се случил во павлоградскиот округ, на околу 65 километри од линијата на фронтот, соопшти украинската спасувачка служба.

Од најголемата приватна енергетска компанија во земјата, ДТЕК, соопштија дека настраданите биле нивни вработени кои се враќале од работа по завршување на смената.






– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Олександар Ганжа.

 Ганжа изјави дека во напади со дронови во текот на ноќта во Доњецката област загинале маж и жена, а во областа Запорожје бил погоден породилен оддел во болница, каде се повредени седум лица. Тој рече дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар

Поврзани содржини