Руски доктор со важно предупредување: Коронавирусот почна да ги напаѓа и домашните миленици

Гинцбург смета дека постојат сите предуслови до ноември 2021 година да се реши прашањето за заштита на руското население од вирусот.

1,158

И животните почнале да се заразуваат со коронавирусот, соопштил шефот на рускиот центар „Гамалеј“, Александар Гинзбург, додавајќи дека се формира „природен резервоар“ на вирусот.

– Почнуваат да се заразуваат и домашните животни. За куните веќе знаеме, па ако се заразуваат тие, тогаш зошто да не се заразат и мачките? А ако се заразуваат мачките, тогаш зошто да не се заразуваат и кучињата и другите живи суштества? Се формира природен резервоар на инфекција и ние постојано црпиме патоген и ќе се заразуваме сè додека нема да биде вакцинирано мнозинството од населението – изјавил Гинзбург.






Гинзбург смета дека постојат сите предуслови до ноември 2021 година да се реши прашањето за заштита на руското население од вирусот.

– Главна задача е да се овозможи оваа болест да се контролира со вакцина, што значи дека околу 70 проценти од населението на Русија треба да биде вакцинирано – рекол Гинзбург.

Поврзани содржини