РУСКИ БИЗНИСМЕН НАЈДЕН МРТОВ, ДО НЕГО ВЛЕЧНА САЈЛА? Се проширува списокот на функционери со нерасчистена смрт

Синоќа „Москва Тајмс“ го рангираше ова како 19. по ред смрт на руски висок функционер под мистериозни околности од почетокот на воената инвазија врз Украинa. Медиумот ја вбројува смртта на Синицин во списокот на мртви функционери поврзани со големите енергетски компании „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“.

1,075

Алексеј Синицин, генералниот директор на руската компанија за производство на калиумови соли „К-Поташ Сервис“, беше пронајден обезглавен под мост во село кај Калининград со прикрепена влечна сајла во близина на телото, пренесоа „Москва Тајмс“ и „Киев Индепендент“.

Синоќа „Москва Тајмс“ го рангираше ова како 19. по ред смрт на руски висок функционер под мистериозни околности од почетокот на воената инвазија врз Украинa. Медиумот ја вбројува смртта на Синицин во списокот на мртви функционери поврзани со големите енергетски компании „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“.

 






Според „Киев Индепендент“, смртта на Синицин не била потврдена од независни извори, додека местото на наоѓање и деталите, вклучувајќи ја и влечната сајла, остануваат неизвесни.

Според рускиот независен опозициски портал Медуза, Синицин бил челник на компанија со вложувања од Холандија и од Кипар. За „К-Поташ Сервис“ се вели дека работела на експлоатација на калиум‑магнезиумови соли во Калининград од 2013 година, со големи инвестиции и контроверзи.

Еден таков скандал, според Медуза, вклучувал и протест од локалното население и наводна вмешаност на рускиот претседател Владимир Путин во 2017 година.

 

Поврзани содржини