ПУТИН ИЗДАЛ НОВА НАРЕДБА ЗА НАПАД Украина одбила да преговара со Русија?
На редовен брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го обвини украинското раководство дека ги „отфрла преговорите“.
Руските трупи, трет ден по ред, ги продолжуваат воените операции во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на армијата да продолжи со спацијалната воена операција, иако, наводно, претходно вчера наредил прекин на офанзивата, соопшти Кремљ.
На редовен брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го обвини украинското раководство дека ги „отфрла преговорите“.
– Бидејќи украинската страна одби да преговара, напредувањето на руските сили продолжи попладнево – рече Песков.
Од друга страна, пак, Украина денеска ги демантираше изјавите дека ги одбила преговорите за примирје со Русија, притоа нагласувајќи дека не се согласува со ултиматуми или неприфатливи услови.
Михаило Подољак, советник во кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, изјави за Ројтерс дека Украина подготвила преговарачка позиција, но се соочила со услови за преговори поставени од Русија.
– Вчера, агресивните акции на вооружените сили на Руската Федерација ескалираа во текот на денот и ноќта со масовни воздушни и ракетни напади врз украинските градови. Ваквите акции ги сметаме само за обид да се скрши Украина и да се принуди да прифати категорично неприфатливи услови – вели Подољак.