РУСИТЕ ЗА ПРВ ПАТ НАПАДНАА СО ДРОНОВИ Граѓаните на Запорожје не ги слушнале експлозиите

Се смета дека во нападот биле користени дроновите Шахед-136 кои Владимир Путин ги купи од Иран.

1,128

Русите запрвпат го нападнаа Запорожје со беспилотни летала, поради што се уништени инфраструктурни објекти во два окрузи, објави шефот на регионалната воена администрација Александар Старук, пренесува Униан. Според него, се претпоставува дека за нападот биле користени беспилотни летала Шахед-136, оние дронови кои Владимир Путин ги купи од Иран.

– Затоа граѓаните не ги слушнаа силните експлозии – вели Старух.

 






Според првичните информации, едно лице загинало во нападот и било пренесено во болница, јавува Б92.

Од 1 октомври, украинските сили повратиле повеќе од 500 квадратни километри територија и десетици населени места во јужниот дел на регионот Керсон, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во видеото на официјалниот портал, тој рече дека украинските сили исто така постигнале нови успеси на истокот од земјата, пренесе Ројтерс.

Поврзани содржини