РУСИТЕ ВРАЌААТ ДЕЛ ОД ТРУПИТЕ, КУЛЕБА ЗАДОВОЛЕН Дипломатијата вроди со плод? (ВИДЕО)
Ние и нашите (западни) сојузници успеавме да ја спречиме Русија за каква било натамошна ескалација. Веќе е средината на февруари и можете да видите дека дипломатијата продолжува да работи, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба.
Некои војници во руските воени области во непосредна близина на Украина се враќаат во своите бази по завршувањето на вежбите, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесе агенцијата Интерфакс. Овој потег би можел да ги олабави и да ги деескалира судирите меѓу Москва и Западот, пишува Блумберг. Повлекувањето веднаш го поздрави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, со зборовите дека „дипломатијата вродила со плод“. Сепак, вежбите продолжуваат во други места на границата, а официјално ќе траат до 20 февруари.
– Ние и нашите (западни) сојузници успеавме да ја спречиме Русија за каква било натамошна ескалација. Веќе е средината на февруари и можете да видите дека дипломатијата продолжува да работи – изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба.
Според руското Министерство за одбрана, се работи за трупи од јужниот и западниот воен округ. Јутјуб-каналот РусијаДенес објави и видео во кое се гледа како тенкови и оклопни возила си заминуваат по крајот на вежбите.
Вкупната бројка на руски војници на украинската граница се проценува над 100.000, а некои бројки одат и до 130.000 регрути. Откако синоќа во видеообраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека наслушнал оти „напад ќе има на 16 февруари“, официјален Кремљ негира каква било окупација и вели дека има уште време за решение.