РУСИТЕ ВЛЕГОА ВО ЧЕРНОБИЛ Можно е да ги оштетиле нуклеарните складишта
Доколку артилеријата погодила складишта за нуклеарен отпад, радиоактивната прашина ќе ја покрие цела ЕУ, рече украинскиот министер за внатрешни работи.
Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, попладнево изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил.
– Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад – изјави советникот, а јави дописникот на американската телевизија Ен-Би-Си, Ричард Енгел.
– Тие – додаде Герашченко – влегоа во зоната на Чернобил од територијата на Белорусија.
Советникот додава дека украинската Национална гарда продолжува да ги штити небезбедните радиоактивни извори.
– Доколку артилеријата погодила складишта за нуклеарен отпад, радиоактивната прашина ќе ја покрие цела ЕУ – рече тој.
Еден нуклеарен реактор во централата во Чернобил во 1986 година експлодира и притоа со радиоактивен прав зафати поголем дел од Европа.