РУСИТЕ ТЕСТИРААТ КОЛКУ ДАЛЕКУ МОЖАТ ДА ОДАТ БЕЗ НЕКОЈ ДА ИМ РЕАГИРА Зеленски со своја верзија за залутаните руски дронови над Полска

„Паузата во санкциите траеше предолго. Одложувањето на ограничувањата за Русија и нејзините соучесници само значи зголемување на бруталноста на нападите. Потребно е доволно оружје за да се одврати Русија“, предупреди Зеленски.

254

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повика на „силен одговор“ по соборувањето на неколку сомнителни руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, јави ДПА.

„Москва секогаш ги поместува границите на она што е можно, а ако не наиде на силна реакција, останува на ново ниво на ескалација“, објави Зеленски денеска на платформата X.






Денешниот сериозен инцидент тој го нарече „екстремно опасен преседан за Европа“, пренесе ДПА.

Зеленски наведе дека најмалку осум руски беспилотни летала од иранско производство навлегле во полскиот воздушен простор.

Полската влада, исто така, изјави дека соборените беспилотни летала потекнуваат од Русија.

„Паузата во санкциите траеше предолго. Одложувањето на ограничувањата за Русија и нејзините соучесници само значи зголемување на бруталноста на нападите. Потребно е доволно оружје за да се одврати Русија“, предупреди Зеленски.

Руската војска во текот на ноќта повторно започна воздушни напади врз Украина. Според Зеленски, во нив едно лице е убиено, а три лица се повредени.

Тој рече дека Москва употребила околу 415 беспилотни летала и повеќе од 40 крстосувачки ракети, напаѓајќи 15 украински региони.

Поврзани содржини